Единаесет лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, пренесуваат турските медиуми. На местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција. Информација за загинати се уште нема, а како што пренесува Би-Би-Си, забележително е присуство на хеликоптери кои го надлетуваат просторот и бројни амбулантни возила кои се движат во различни правци.
Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.