Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерот за правда, се емитува вечерва (11 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Централна тема во интервјуто со министерот за правда, Никола Тупанчевски, е изборот на Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и реакциите што не стивниваат. Го прашуваме Тупанчевски колку е прифатлива тезата дека треба да му се даде шанса на Абази во држава со сериозни проблеми со корупцијата и по информациите за очигледните негови врски со владејачката ДУИ. Ако Абази е избор на јавните обвинители, колку тоа зборува за човечкиот материјал во оваа институција и дали е ова доволна основа за да се врати на маса опцијата за генерален реизбор на обвинителите и судиите. Дали логичната реакција во нормално општество е притисок за Абази да се повлече. Со министерот за правда зборуваме и за пораката на заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, дека „земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата“. Тема се и состојбата во затворите, судницата во Идрзиво која никако да профункционира, предлог-законот за амнестија на прекршителите на ковид-19 правилата…
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.