Милијардерот на состанок со вработените кажал дека не може да ја исклучи можноста за банкрот, а претходно преку е-мејл им посочил оти Твитер нема да го издржи економскиот пад ако не ги зголеми приходите од претплати
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, посочил дека не ја исклучува можноста од банкрот на неговата нова форма, откако вчера имаше во компанијата имаше уште еден бурен ден по преземањето на компанијата од негова страна.
Како што пренесе „Блумберг њуз“ тој на својот прв масовен разговор со вработените во Твитер посочил дека не може да отфрли сценарио на банкрот, што е само две недели ја купи компанијата.
Претходно, пак, „Ројтерс“ објави дека Маск преку е-мејл до вработените предупредил дека Твитер нема да може да го преживее „претстојниот економски пад“ доколку не успее да ги зголеми приходите од претплати со кои би се покриле загубите од губењето на приходите за реклами.
Ваквите информации доаѓаат во период кога Маск се соочи со серија оставки од повеќе менаџери во компанијата, меѓу кои и првиот човек задолжен за безбедност и доверливост на податоците, Јоел Рот. Покрај оставките, милијардерот вчера доби и ретко предупредување за состојбите во компанијата од американскиот антимонополска агенција ФТЦ.
„Со голема загриженост ги следиме најновите случувања на Твитер. Ниту еден извршен директор или компанија не е над законот“,
изјави од ФТЦ.
Оттаму предупредија дека социјалната мрежа мора да биде во согласност со одредени правила, согласно условите од договорот потпишан со Агенцијата за безбедност и доверливост на податоците.
Американскиот милијардер го купи Твитер за 44 милијарди евра, а еден од првите чекори што ги направи е што им даде откази на 7 500 вработени, што е половина од вкупниот број вработени.