Тој изјави дека Србија не отстапува од политиката заснована на заштита на меѓународното право и на осуда на оние кои го прекршуваат тој закон и влегуваат на територијата на други држави, но и на ставот дека не води политика на санкции
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија може да го промени ставот и да воведе санкции против Русија само доколку, како што рече, буквално ѝ виси Демоклов меч над глава. Дамоклов меч буквално ѝ виси над глава.

„Во моментов тоа не е така“,
рече Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања во Париз каде се сретна со францускиот претседател, Емануел Макрон, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.
Вучиќ изјави дека Србија не отстапува од политиката заснована на заштита на меѓународното право и на осуда на оние кои го прекршуваат тој закон и влегуваат на територијата на други држави, но и на ставот дека не води политика на санкции.
„И тоа што ќе слушнам од милион страни дека морам да направам нешто, па гледате дека не морам. Ако и кога треба, не за себе, туку за доброто на нацијата тогаш ќе излезам пред народот и ќе го кажам тоа“,
рече Вучиќ.
Освен Белорусија, Србија е единствената европска земја која не воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија кон Украина.
Претставници на Европската унија и на Соединетите Американски Држави постојано ја повикуваат Србија да се приклучи на санкциите.
Официјален Белград се потпира на Русија во нејзините обиди да го спречи членството на Косово во меѓународните институции и организации. И Србија е целосно зависна од Русија за снабдување со гас, пишува РСЕ.