Во емисијата „60 минути“ водителката Олга Скабејева прашала еден од нејзините стручњаци: „Како се нашите момци во Америка?“ Политикологот Владимир Корнилов низ смеа објасни: „Нашите републиканци“
Изборите во САД беа топ тема и во Москва. Убедени дека доаѓа таканаречениот „црвен бран“, односно голема победа на републиканците, руските пропагандисти побрзаа да ја преземат заслугата за тоа. Така, во вторникот Владимир Соловјов, главниот пропагандист на Путин, на присутните им го честиташе „денот на мешање во американските избори“.
И Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија Вагнер, познат како „готвачот на Путин“, кој беше обвинет од САД за мешање во изборите во 2016 и 2020 година по истрагата, исто така одлучи јавно да ги признае овие обвинувања, иако претходно ги негираше. Но, кога стана очигледно дека нема да има црвен бран, наративот на руската државна телевизија нагло дојде во пресврт, пишува.
Во емисијата „60 минути“ водителката Олга Скабејева прашала еден од нејзините стручњаци: „Како се нашите момци во Америка?“ Политикологот Владимир Корнилов низ смеа објасни: „Нашите републиканци“.
Дмитриј Абзалов, директор на Центарот за стратешки комуникации, истакна дека исходот е многу поинаков од предвидувањата:
„Дури и демократите предвидуваа црвен бран што ќе однесе сè, но испадна доста скромно“.
Политикологот Владимир Корнилов рече:
„Најлошите стравови на демократите сега се зад нив. Тие лесно ги освоија државите за кои беа најмногу загрижени“.
Победата на републиканците или цунамито не се реализираа… Трамп веќе ги повикува Американците да протестираат и да не дозволуваат нивните противници да се мешаат во изборите, изјави еден од водителите на истата емисија, Евгениј Попов.
Извештаите на руската државна телевизија потоа се фокусираа на неосновани наводи за различни наводни проблеми со изборите во САД, прикажувајќи снимки од кандидатот за гувернер на Аризона, Кари Лејк и Доналд Трамп, кои велеа дека на избирачките места „снемува гласачки ливчиња“ и дека биле забележани разни други нерегуларности.
Скабејева извика: „Излезете (на улица) Американци! Ве лажат!“. Абзалов истакна дека барем јануари треба да биде „забавен“, предвидувајќи дека републиканците ќе се обидат да го отповикаат американскиот претседател Џо Бајден. Скабејева се пожали:
„Ќе го отповикаат, но нема да можат да го соборат. Видовме дека тоа се случи со нашиот пријател, другарот Доналд – и тоа се случи повеќе од еднаш“.
Скабејева во вторникот се осврна на лошите резултати од инвазијата на Украина и предложи да очекуваат некаква помош од републиканците.
„Работите се тешки. Сепак, мораме сами да победиме – тоа е официјално. Републиканците тешко можат да ни помогнат да го задржиме регионот Херсон или градот Херсон“,
рече таа пред рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да нареди повлекување на руските трупи од Херсон.
Top Russian propagandist says that Russia waited to announce the Kherson withdrawal until after Nov. 8, to make sure it does not help Joe Biden and the Democrats in the midterms. More in my recent article: ⤵️https://t.co/PZSgImdj5J pic.twitter.com/cfnHLtVUal
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) November 10, 2022
Во средата, Владимир Соловјов ја започна програмата „Вечер со Владимир Соловјов“ со зборовите:
„Вечерва планиравме сосема поинаква програма. Сакавме да разговараме за американските избори, но потоа добивме вести од Херсон“.
Сепак, во главите на пропагандистите на Кремљ, сето тоа е поврзано. Соловјов продолжи да шпекулира дека ако повлекувањето беше објавено само еден ден порано, тоа можеби ќе им помогнеше на Бајден и на демократите: „(Повлекувањето) беше објавено по 8 ноември, 9 ноември, така што тоа немаше да влијае на изборите во САД“.