Републиканците би можеле да имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а клучните трки во Сенатот во Аризона, Џорџија и Невада остануваат неизвесни. Но, сето ова е подобра вест за Белата куќа од очекуваното
Американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе одржи прес-конференција по среднорочните избори одржани во САД. Бајден треба да зборува во 22 часот по средноевропско време.
Американскиот претседател Џо Бајден имаше причина да слави кога дојдоа резултатите од среднорочните избори, дури и ако неговата Демократска партија може да ја изгуби контролата врз Конгресот.
Републиканците би можеле да имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а клучните трки во Сенатот во Аризона, Џорџија и Невада остануваат неизвесни. Но, сето ова е подобра вест за Белата куќа од очекуваното.
Демократите ги избегнаа страшните предвидувања во националните трки, обезбедија гувернерски победи во државите клучни за следните избори во 2024 година.
За доминација на Сенатот на Соединетите Американски Држави би можело да се реши во вториот круг од изборите во сојузната држава Џорџија. Имено, тесната трка меѓу актуелниот демократски сенатор Рафаел Ворнок и републиканскиот противкандидат Хершел Вокер може да резултира со неуспех и двајцата да освојат 50 отсто од гласовите.
Со преброени повеќе од 95 отсто од гласовите, Ворнок освои 49,41, Вокер 48,52. Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, Ворнок и Вокер ќе се натпреваруваат во вториот круг на 6 декември.
На овие меѓуизбори беа избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од 100 членови на Сенатот. На републиканците им треба уште едно место во Сенатот и уште пет места во Претставничкиот дом за да имаат мнозинство во двата дома на Конгресот.
Исходот од изборите одлучува колкав простор за носење одлуки ќе има претседателот Бајден во следните две години. Ако републиканците освојат мнозинство во Конгресот, втората половина од мандатот на Бајден ќе биде одбележана со внатрешни борби. Доколку освојат мнозинство во еден или во двата дома на Конгресот, Бајден повеќе нема да може да спроведува големи законодавни иницијативи.
Овие избори не се само тест за претседателот Бајден, туку и за неговиот претходник Доналд Трамп. Тој во пресрет на изборите за следната недела најави „објавување на важна одлука“. Се претпоставува дека ќе ја објави својата повторна кандидатура за претседателските избори во 2024 година.