Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (7 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во најавата на емисијата издвојуваме:
-Единаесет илјади работници секој месец земаат плата под законски гарантираниот минималец – зошто Владата, од една страна, се фали со зголемување на минималната плата, а од друга, ги толерира работодавачите што го кршат законот;
-„Македонија во мало“ – присуствуваме на состанок на станарите и раководството на државниот пензионерски дом во Аеродром;
-Пет и пол години по објавата дека се отвора, новата зграда на државните Електрани (некогаш ЕЛЕМ, денес ЕСМ) се уште не е во функција – зошто објектот за кој се потрошени 17 милиони евра фаќа пајажини;
-Што донесе лидерската средба во Собранието;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.