Откако ќе биде одобрен од Владата, буџетот за следната година ќе треба да помине и во Собранието
Предлог-буџетот за наредната 2023 година денеска ќе се најде на дневен ред во Владата.
Од прес-службата информираа дека тој ќе се разгледува во рамките на 98. владина седница закажана за денеска.
министерот за финансии Фатмир Бесимив на оваа тема пред еден месец во колумна најави дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се стеснува и со новиот буџет за 2023 година, со што ќе се оди со постепена фискална консолидација.
Во буџетот за следната година се очекува да влезат и 80 милиони евра како директна помош од ЕУ, што беше најавено при посетата на претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на 26 октомври.
„Обезбедивме пакет за енергетска поддршка за целиот Западен Балкан, тој започнува со грантови – 80 милиони како итна буџетска поддршка за Северна Македонија кои треба да ѝ помогнат да се соочи со влијанието што зголемените цени на енергијата го имаат врз вашите граѓани и бизниси. Ова ќе го завршиме до крајот на оваа година за да можете да ги добиете средствата веќе во јануари“,
рече претседателката на ЕК на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски, пак, тогаш рече дека овие пари во најтешките месеци (јануари, февруари и март) ќе се може да се бидат искористени за справување со кризата односно за мени кои ќе ги предвиди Буџетот за 2023 кој, најави премиерот, наскоро ќе биде одобрен од Владата и ќе влезе во собраниска процедура.