Прегазениот маж починал на местото на несреќата
Во тешка сообраќајна несреќа вчера на патот од Струмица кон граничниот премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница загина 72-годишен маж од Ново Коњарево.
Несреќата се случила на неколку стотина метри до преминот, а во жртвата удрило возило „фолксваген голф“ со бугарски регистрации управувано од државјанин на Бугарија.
Според информациите од СВР Струмица, прегазениот маж починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а поради сообраќајната несреќа овој патен правец синоќа беше затворен повеќе од три часа.