Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (28 октомври 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во доминацијата на темите од енергетика, економија и финансии, две прашања од политика деновиве успеваат да се изборат за место во јавниот простор – промена на Уставот заради вметнување на Бугарите и замена на дефиницијата за јазик што го зборуваат најмалку дваесет отсто од граѓаните со албански јазик. Дали, навистина, Алијанса за Албанците овојпат ја наметнува темата како услов без чие исполнување не би гласале за внесување на Бугарите во преамбулата и дали воопшто ќе се стигне до таа точка со оглед на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени? И – го знаеме ли точниот став на ВМРО-ДПМНЕ со оглед на различните изјави што деновиве стигнаа од лидерот Христијан Мицкоски на оваа тема? Дали чекори како потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик и неповратната помош од ЕУ од 80 милиони евра за справување со енергетската криза може да помогнат во креирање на атмосфераво која полесно би се стигнало до двотретинско мнозинство во Собранието? На овие прашања вечерва ќе дебатираме со Васко Наумовски, универзитетски професор, поранешен вицепремиер за европски прашања, Иво Ранѓеловиќ, политколог, магистер по компаративна политика и демократија и Александар Кржаловски, аналитичар, извршен директор на невладината МЦМС. Во финалето и на ова издание ќе видите нова „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.