Ова е прв официјален договор потпишан со ЕУ по започнувањето на преговорите. Договорот е потпишан на македонски јазик, нема додавки, без ѕвездички. На договорот стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици на ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и го исполнив. Со овој договор, заеднички со Фронтекс ќе се справуваме со нелегалната миграција и ќе се соочиме со предизвиците, но од наша териотрија, рече Ковачевски на заедничката ппрес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Ова е голем ден за Северна Македонија и за македонскиот народ. Го потпишавме договорот со Фронтекс без фусноти, без никакви додавки и ѕвездички на чист македонски јазик. Европската Унија ни докажува дека е веродостоен партнер на Македонија. Госпоѓата Фон дер Лајен неодмана на една прес-конфернеција кажа: „Драг Димитар, ти ветувам дека договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на чист македонски јазик“. Јас тоа им го ветив на македонските граѓани. Таа го исполни ветувањето, и јас го исполнив своето, се обрати премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, откако претходно во Владата беше потпишан договорот со Фронтекс.
„Ова е прв официјален договор потпишан со ЕУ по започнувањето на преговорите. Договорот е потпишан на македонски јазик, нема додавки, без ѕвездички. На договорот стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици на ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и го исполнив. Со овој договор, заеднички со Фронтекс ќе се справуваме со нелегалната миграција и ќе се соочиме со предизвиците, но од наша териотрија“,
нагласи Ковачевски.
Тој им упати порака и на, како што ги нарече, деструктивните сили.
„Лажеа дека ова нема да се случи, пропаднаа лагите. Граѓаните увидоа кој е веродостоен партнер и кој ќе ги изнесе на прав пат, а кој сее лаги и манипулации соо цел да ја поткопа довербата во институциите. Во ЕУ прецизно се употребува терминот македонски јазик, цело законодавтсво се преведува на македонски јазик. Тој е рамноправно застапен со сите други јазици во ЕУ. Македонскиот јазик се издигнува на врвно рамниште и овој чин не прави особено горди нас Македонците“,
рече премиерот.
Тој посочи дека земјата направила одлучни чекори на патот кон ЕУ. Се донеле тешки и храбри одлуки.
„Не беше лесно, но мораше некој да ги донесе тие одлуки, бидејќи нема ннбишто поважно од иднината на нашите деца. Тоа е најпатриотското нешто што некој може да го направи. Не беше воопшто лесно да се стигне до овој статус. Мора да признаам, не сум имал помачно искуство. Да седите на маса со другите држави членки, да покажете дипломатија и да ги задржите вашите позиции. Некој ако мислел дека ми е лесно, погрешил. И јас сум човек како и секој друг граѓанин, но на крајот на денот некој мораше да ја донесе одлуката за иднината на генерациите. Избраниот концепт да делуваме како Македонци со крената глава, беше прашање на храброст, обврска да не мислите само на себе, да мислите на сите, освен на себе. На масата во Брисел седнати со сите големи земји, сфаќате каде припаѓате. На Европската Унија. И нема алтернатива. На тој пат нема да биде лесно, ќе има пречки и предизвици и сите мора да се справиме“,
порача претседателот на Владата.
Тој упати порака за сплотеност и ја повика опозицијата да се обединат на патот кон Европската Унија.
„Ја повикувам опозицијата да се обединиме заради иднината во ЕУ, тоа се однесува на преговорите и на уставните измени кои не очекуваат веднаш штом завршиме со скринингот. За жал се однесува и на сегашното однесување на опозицијата. Не смееме повеќе да си дозволиме извештај на ЕК да нотира дека опозција блокира европски реформи во Собранието. Не смееме да си дозволиме позицијата да работи забрзано кон ЕУ, а опозицијата да биде сидро на деструкција и спротивен правец. Опозицијата им должи на граѓаните да ги одблокира и да ги сработи заедно со нас реформите кои ќе ги забрзаат реформите за побргу да станеме членка на ЕУ. Навистина би било страшно доколку се блокира патот кон ЕУ поради политички игри. Искрено се надевам дека ќе бидеме обединети за иднината на нашата земја и нашите граѓани“,
потенцираше Ковачевски.
Премиерот уште еднаш нагласи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата за својата територијлна независност. Тој се осврна и на поддршката од ЕУ во справувањето со економската и енергетската криза.
„Енергетската и економската криза предизвикани од војната во Украина ја обединија Европа. Само обединети можеме да се справиме со недостигот на енергија и храна. Заедничките енергетски проекти се од суштинско значење за Македонија. Ние сите заедно на европскиот континет сме исправени пред предизвикот да се соочиме со најтешката зима. Само обединети можеме да излеземе од кризата. Како влада нема да дозволиме граѓаните сами да се справуваат со кризата. Високата инфлација која е присутна секаде, не сплотува со нашите партнери од ЕУ и НАТО, ќе направиме се да обезбедиме доволно храна и енергија за сите, да го задржиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на фирмите. Сметаме на нашите партнери од ЕУ и поддршката од соседите“,
рече премиерот Ковачевски изразувајќи и благодарност на Фон дер Лајен за поддршката која ЕУ ѝ ја дава на земјава во услови на светкса криза.