Штајнмаер планираше да ја посети Украина во средината на април заедно со претседателите на Литванија, Полска, Летонија и Естонија во средината на април, но тогаш Киев му кажа да не доаѓа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, јави ДПА.
Штајнмаер во Киев пристигнал утрово со воз и таму треба да оствари средба со украинскиот колега, Володимир Зеленски.
Денешната е прва посета на Штајнмаер откако Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари, но негов трет обид да патува во Киев.
Тој требаше да го посети Киев минатата недела, но го одложи патувањето на краток рок поради безбедносни причини.
Штајнмаер планираше да оствари посети и во средината на април заедно со претседателите на Литванија, Полска, Летонија и Естонија во средината на април, но тогаш Киев му кажа да не доаѓа.
Одлуката на украинските власти, како што потсетува ДПА, дојде во време на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех додека беше министер за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи на Германија за заканата од руска агресија.