Ху Ѓинтао беше генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина од 2002 до 2012 година и претседател на Народна Република Кина од 2003 до 2013 година, а на двете позиции беше сменет од Си Ѓинпинг
Поранешниот генерален секретар на кинеската комунистичка партија Ху Ѓинтао ја напушти салата предвреме за време на церемонијата на затворање на 20-тиот Конгрес на КПК во Големата сала на народот во Пекинг поради нарушено здравје, објави државната новинска агенција Синхуа на Твитер.
Дописникот на Синхуа, Лиу Џиавен, откри дека Ху Ѓинтао инсистирал да присуствува на последниот состанок на 20-от Конгрес на кинеската комунистичка партија и покрај тоа што мубило потребно одредено време да се опорави.
Кога Ху Ѓинтао не се чувствувал добро, помошниците го придружувале до просторијата во близина на местото за состаноци, наведува агенцијата.
Денеска наутро, зад затворени врати, се одржа завршната седница на 20-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина, првиот дел од настанот, при што беа одобрени новиот состав на ЦК на КПК и составот на Централната комисија за дисциплинска инспекција. Медиумските работници беа пуштени во салата дури во вториот дел, кога се гласаше за усвојување на одлуката за извештајот на ЦК.
Ху Ѓинтао беше генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина од 2002 до 2012 година и претседател на Народна Република Кина од 2003 до 2013 година, а на двете позиции беше сменет од Си Ѓинпинг.
Во пораката се наведува дека „сега е многу подобро“.
Во недела ќе се одржи првиот пленум на Централниот комитет на 20-тото свикување. Пленумот ќе назначи нов состав на Политбирото на Централниот комитет и Постојаниот комитет на Политбирото – всушност партиската и политичката елита, кои ќе управуваат со земјата во следните пет години. Кинескиот лидер Си Ѓинпинг се очекува да биде избран по трет пат за генерален секретар на ККП и за претседател на Централниот воен совет.