Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 октомври 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Со премиерот Димитар Ковачевски ќе разговараме за владините мерки и препораки за намалување на расходите кај јавните институции кои ги кренаа на нозе синдикатите. Тие вклучуваат намалување на трошоците за плати и надоместоци за 10 отсто во однос на планот за 2023 година, реорганизација и воспоставување работа од дома до 30 отсто од вработените, насоки да не се склучуваат поединечни колективни договори, а ако веќе се склучени, да се ревидираат одредбите што имаат значајни фискални импликации. Ќе зборуваме и за новиот пакет мерки за поддршка на социјално ранливите категории и за пензионерите, снабдувањето со струја и парно, нивната цена… Тема се и новиот извештај од Европската комисија, политичката стратегија на СДСМ до изборите, единството во партија и односот со ДУИ (критиките за сервилност).
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.