Централната изборна комисија (ЦИК) на седницата пред три дена одлучи да ги преброи гласачките ливчиња за претседател на РС. Според досегашните резултати, Милорад Додик (СНСД) има 291 915 гласа, а Јелена Тривиќ (ПДП) 262 969, што е разлика од речиси 29 000 гласа
Денеска во Главниот центар за броење гласови во салата „Зетра“ во Сараево ќе започне ново пребројување на гласовите за функцијата претседател и потпретседател на ентитетот Република Српска, пренесува босанскиот портал klix.ba.

Централната изборна комисија (ЦИК) на седницата пред три дена одлучи да ги преброи гласачките ливчиња за претседател на РС.
Според досегашните резултати Милорад Додик (СНСД) има 291 915 гласа, а Јелена Тривиќ (ПДП) 262 969, што е разлика од речиси 29 000 гласа.
Опозицијата побара ново пребројување на гласовите бидејќи е убедена дека нејзиниот кандидат е украден. Оттаму сметаат дека нерегуларностите почнале да се случуваат набргу откако почнале да се пребројуваат гласовите. Се тврди дека членовите на изборните комисии на одредени избирачки места биле под притисок на властите и дека биле заплашувани, со цел да се обезбеди победа на Додик. Според опозициските партии, власта испратила „тепачи“ да се пресметаат со некои членови на избирачките одбори.
Пребројувањето на гласовите не беше прифатливо за власта во Република Српска бидејќи смета дека изборниот процес е законски и регуларен.
Тривиќ на изборите прогласи победа веднаш по затворањето на избирачките места за општите избори одржани на 2 октомври. Меѓутоа, како што одминуваше времето, Додик премина во водство.
Потсетуваме, Тривиќ прогласи победа веднаш по затворањето на избирачките места за општите избори одржани на 2 октомври. Меѓутоа, како што одминуваше времето, Додик премина во водство.