Во наредните денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет
Денеска времето во земјава ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, инфромираат од Управата за хридрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје, според УХМР, се очекува слично време, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. В четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
