На владина седница помина и предлог-закон за ратификација на договорот за заштита од катастрофи чија цел е институциите во земјите од Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно кога некоја од страните ќе побара помош во случај кога не е способна сама да се справи со последиците од катастрофата
Договорите за меѓусебно признавање на дипломите помеѓу земјите од Западен Балкан и за соработка во заштитата од катастрофи потпишани во рамки на иницијативата Отворен Балкан, добија предлог-закони за ратификација.
Тие денеска биле утврдени на владина седница, по што ќе за конечна примена на договорите, предлог-законите ќе треба да бидат изгласани и во Собранието.
„Целта на утврдениот предлог-закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, е да се олеснат процедурите за признавање. Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC“,
објаснуваат од Владата.
Со предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во заштитата од катастрофи на Западен Балкан, пак, е предвидено институциите во согласност со нивните соодветни расположливи капаците да си помагаат една на друга кога некоја од страните ќе побара помош бидејќи не е во состојба сама да се справи со последиците од катастрофата.