Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот. Според првичните информации уништени се десетици станбени објекти.
„Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје“,
изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени куќи и повеќекатници.
Во четвртокот во пет часот, седум проектили го погодија Запорожје, од кои три центарот на градот. Градот се наоѓа на 125 километри од најголемата европска нуклеарна централа под руска контрола.