Во состав на делегацијата на С Македонија, која ќе ја предводи Ковачевски, се министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски
За време на посетата, според владината прес-служба, Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал, ќе присуствуваат на потпишувањето договори помеѓу Северна Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна. Договорите ќе ги потпишат министерот Николовски и заменик-министерот за економски развој на Украина, Тарас Качка
Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација, а на покана на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала, утре во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница, соопштија од владината прес-служба.

На состанокот ќе учествуваат лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 се земјите-членки на Европската унија, потоа земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и од Азербејџан, Грузија, Турција и Украина.
Предвидено е и учество на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Во состав на делегацијата на С Македонија, што ќе ја предводи Ковачевски, се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски
Како што информираат од Владата, програмата на првиот состанок на Европската политичка заедница содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици. Мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина, исто така ќе бидат дел од темите на состанокот.
„Премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса, посветена за енергетика и економија. Дополнително предвидени се и билатерални средби“,
стои во соопштението.
За време на посетата, според владината прес-служба, Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал ќе присуствуваат на потпишувањето договори помеѓу Северна Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна. Договорите ќе ги потпишат министерот Николовски и заменик-министерот за економски развој на Украина, Тарас Качка.
„Премиерот Ковачевски ќе учествува и на Самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) каде учествуваат премиери од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии. Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството еднаш до двапати годишно. Домаќин на состанокот ќе биде чешката влада, која во јули го презеде ротирачкото претседавање со Советот на Европската Унија“,
информираат од Владата.
Европската политичка заедница е иницијатива која во мај годинава ја промовираше францускиот претседател, Емануел Макрон, а која веќе по еден месец доби своја официјализација во јунските заклучоци на Европскиот совет.
Има многу нејаснотии поврзани со оваа иницијатива – од тоа дали ќе воопшто ќе се вика „заедница“, до тоа дали треба да биде друштво на држави кои не успеале да влезат во ЕУ. Се чини стравувањата се најголеми токму на Западниот Балкан чии земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, природно се сметаат за први на листата потенцијални членки на Унијата
Франција уверува дека нема простор за паника, особено зашто Северна Македонија веќе длабоко е навлезена во процесот на пристапување и преговарање со ЕУ. Официјално Скопје најавува дека во Прага регионот ќе настапи координирано барајќи помош од Унијата за справување со последиците од енергетската криза.