Во случај на користење на т.н валкани бомби, забрането е земање препарати со јод бидејќи може да предизвикаат непоправлива штета на организмот
Украинскиот Центар за стратегиска комуникација и информациска безбедност објави инструкции за граѓаните што да прават во случај на нуклеарен напад, јавува Н1.
Центарот и Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациска безбедност дадоа препораки врз основа на информации од Државната служба за итни случаи, Министерството за образование и наука и полицијата.
Центарот наведува дека во случај на користење на т.н валкани бомби, забрането е земање препарати со јод, бидејќи може да предизвикаат непоправлива штета на организмот.
„Валкана бомба“ или уред за радиолошка растурање е оружје што комбинира радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви.
Центарот наведе и како да се консумираат таблети со јод во случај на напад: доза од 16 мг се препорачува за бебиња до еден месец, доза од 32 мг за деца од една до три години и доза од 62,5 мг за оние до 12 години. Се препорачува тинејџери, бремени жени, доилки и возрасни под 40 години да земаат 125 мг.
Нуклеарна експлозија во затворен простор
„Ако за време на нуклеарната експлозија сте во вашиот дом, погрижете се воздухот да не навлезе во просториите на куќата. Затворете ги сите прозорци, врати, отвори за вентилација, исклучете ја климата и греењето. Доколку е можно, преместете се во просторија без прозорци. Не јадете и не допирајте ништо што може да биде радиоактивно и контаминирано“,
се наведува во препораките.
Исто така, не се препорачува да се пие вода од чешмата додека не е безбедно да се направи тоа.
Нуклеарна експлозија на отворено
Доколку граѓаните се на отворено во моментот на нападот, може да забележат блесок на небото. Во тој случај им се препорачува никако да не гледаат во таа насока, бидејќи тоа може да предизвика изгореници на рожницата, слепило и изгореници на очите.
„Запрете го автомобилот на безбедно место покрај патот, затворете ги вратите и прозорците, блокирајте го влезот на воздух. Ако е можно, заштитете ги ушите со слушалки – ова е заштита од баротраума. Покријте ги устата и носот со маска или крпа и дишете низ неа додека не сте во засолништето“,
советува Центарот за стратегиска комуникација и информациска безбедност.
Се препорачува граѓаните да побараат засолниште во случај експлозијата да ги фати на отворено.
Детални упатства се објавени на украински јазик на веб-страницата на Центарот.
Пред неколку дена Телеграф направи детално видео со упатства што да правите во случај на нуклеарен напад врз вашиот град.