Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, кои не престануваат веќе две недели
Девет странци се уапсени во Иран по повод големите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти Министерството за разузнавање.
Во соопштението пренесено од државната новинска агенција Ирна, министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и Шведска.

Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, кои не престануваат веќе две недели.
Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната девојка по име Махсе Армини, која почина откако беше лишена од слобода затоа што не носела хиџаб на пропишан начин.
Додека полицијата тврди дека Махса Армини починала од срцев удар, нејзиното семејство смета дека причина за смртта е тепање во затвор, што властите го демантираат и тврдат дека истрагата за овој случај е во тек.
Протестите ги налутија иранските исламски власти, при што демонстрантите тврдат дека нивните собири се спонтан бунт против строгите кодекси на облекување, вклучително и задолжителниот хиџаб наметнат на жените.
Организациите за човекови права проценуваат дека иранските безбедносни сили убиле најмалку 52 лица од почетокот на протестите, со огнено оружје или со тепање.