Седум локали во Скопје се затворени оти не ја почитувале мерката што Владата ја донесе како превенција за заштита од ширењето на коронавирусот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, СВР-Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат попладнево извршиле контрола во северниот дел од Скопје и утврдиле дека одредени локали не ја почитуваат одлуката на Владата.
Затворени се вкупно седум локали и ќе останат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ.