Иранскиот претседател рече дека контактирал со семејството на починатата девојка и ветил оти случајот ќе биде детално испитан, додавајќи дека не треба да се избрзува со заклучоци
Девојката почина неколку дена откако беше уапсена од таканаречената полицијата за морал бидејќи, наводно, не ги почитувала строгите правила за покривање на главата со соодветен хиџаб. Очевидци рекле дека Амини била претепана додека била во полициско комбе кога била приведена во вторникот во Техеран, по што паднала во кома во полициската станица. Починала во болница во петокот. По нејзината смрт низ Иран избија протести, при што девојки си ги сечеа косите во знак на протест
Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, најави истрага за смртта на 22-годишната девојка Махса Амини која беше притворена од т.н. моралната полиција во Иран оти не носела соодветен хиџаб што ќе ѝ ја покрива косата.
„Бидете уверени дека истрага сигурно ќе биде отворена“,
им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба од страна на полицијата, што демонстрантите го оспоруваат.

Иранскиот претседател рече дека контактирал со семејството на починатата девојка и ветил оти случајот ќе биде детално испитан додавајќи дека не треба да се избрзува со заклучоци.
„Доколку некоја од страните направила грешка, тоа секако ќе се испита“,
рече тој.
Амини почина неколку дена откако беше уапсена од полицијата за морал бидејќи наводно не ги почитувала строгите правила за покривање на главата со соодветен хиџаб. Очевидци рекоа дека Амини била претепана додека била во полициско комбе кога била приведена во вторникот во Техеран, по што паднала во кома во полициската станица. Починала во болница во петокот.
Полицијата ги негираше обвинувањата велејќи дека девојката починала откако имала ненадеен срцев удар. Семејството на девојката, пак, вели дека таа била здрава млада жена без медицински проблеми.
По смртта на девојката низ Иран избија протести, при што девојки си ги сечеа косите во знак на протест.

Во знак на протест, жените во Иран јавно го тргаат и го палат својот хиџаб.

Смртта на 22-годишната девојка е последен во серијата извештаи за бруталност врз жените од страна на иранските власти во последните недели.
Многу Иранци директно го обвинуваат врховниот лидер Али Хамнеи за таквата ситуација. Неговиот говор од минатото беше повторно споделен на социјалните мрежи во кој тој ја оправдува улогата на моралната полиција и инсистира дека под исламско владеење, жените мора да бидат принудени да го следат исламскиот кодекс на облекување.