Владата на Мексико соопшти дека во земјотресот загинала една жена од Мексико Сити. Таа се сопнала на скалите од својот дом во централниот кварт на градот Докторес додека во тек била тревога за земјотрес и зградите почнале да се тресат. Нема информации за сериозна штета на други места низ земјата, соопштија властите
Неколку дена откако Мексико беше погодено од силен земјотрес во кој загинаа две лица, нов земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел од земјата, информира Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот со длабочина од 24 километри бил регистриран во државата Мичоакан, недалеку од понеделничкиот потрес.
Во земјотресот, како што јави Ројтерс, загинала една жена од Мексико Сити.
Владата на Мексико Сити соопшти дека жената се сопнала по скалите од својот дом во централниот кварт на градот Докторес додека во тек била тревога за земјотрес и зградите почнале да се тресат. Нема информации за сериозна штета на други места низ земјата, соопштија властите.
Мексиканските власти за цивилна заштита и претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјавија дека нема првични извештаи за штети во Мичоакан или во околните региони.
Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека последниот земјотрес не претставува закана од цунами.
Понеделничкиот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мексико се случи на годишнината од смртоносните земјотреси кои ја погодија земјата во 1985 и 2017 година. Неколку илјади луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес на 19 септември 1985 година, додека 350 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди Мексико на истиот датум во 2017 година.