Типичните билети во еден правец до Турција достигнаа речиси 70 000 рубли (1 150 долари), во споредба со нешто повеќе од 22 000 рубли пред една недела. Рекордни цени достигнуваат и билетите во еден правец од Москва до Белград. Најголем дел од летовите на „Ер Србија“ меѓу Москва и Белград се распродадени. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија, првите слободни термини се 25 и 26 септември, а потоа и 9 октомври. Цените за повратни летови се движат од 160 000 до 230 000 динари (од 1 364 до 1 960 евра)
Еднонасочните летови надвор од Русија нагло ги качија цените и брзо се распродадоа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна воена мобилизација со 300 000 резервисти, јави Ројтерс. Најавата на Путин ги зголеми стравувањата дека на некои мажи во борбена возраст нема да им биде дозволено да ја напуштат Русија.
И покрај тоа што Кремљ одби да коментира дали границите на земјата ќе бидат затворени за оние што подлежат под наредбата за мобилизација, сепак, податоците на „Гугл трендс“ покажаа скок во пребарувањата за Авиасејлс.ру, односно најпопуларната страница за резервации на летови во Русија.

Според податоците на „Авиасејлс“, директните летови од Москва до Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија се распродадени по најавата за мобилизација. Некои летови со попатни застанувања, вклучително и оние од Москва до главниот град на Грузија, Тбилиси, исто така беа недостапни.
Турција е една од ретките дестинации до која Русите можат да летаат во странство поради западните санкции, заедно со Ерменија, Грузија и ОАЕ. Типичните билети во еден правец до Турција достигнаа речиси 70 000 рубли (1 150 долари), во споредба со нешто повеќе од 22 000 рубли пред една недела, покажуваат податоците на „Гугл флајтс“.
Рекордни цени достигнуваат и билетите во еден правец од Москва до Белград, според веб-страниците на кои може да се резервираат и купат билети, јавуваат српските медиуми.
Најголем дел од летовите на „Ер Србија“ меѓу Москва и Белград се распродадени. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија, првите слободни термини се 25 и 26 септември, а потоа и 9 октомври. Цените за повратни летови се движат од 160 000 до 230 000 динари (од 1 364 до 1 960 евра).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да одговори на прашањата на новинарите за можното затворање на границите на Русија за да се спречи бегството на воено способни лица по најавата за делумна мобилизација за потребите на војната во Украина.
Песков изјави дека руската влада „многу наскоро“ ќе објави кои категории граѓани ќе бидат ослободени од мобилизација на резервисти со воено искуство за да служат во Украина.