Регистрирани се 186 оздравени пациенти, од кои најголемиот дел од Скопје, односно 107 лица
Во изминатите три дена дена, односно од 16 до 18 септември 2022, регистрирани се 173 нови случаи на кови-19 од 1 216 направени тестови, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти, од кои најголемиот дел од Скопје, односно 107 лица.
Во текот на изминатите три дена пријавени се три починати лица, по едно лице од Скопје на шеесет и деветгодишна возраст, од Валандово (75) и од Охрид (79). Лицата починале во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 162 814 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 248, бројот на оздравени пациенти е 332 051, на починати 9 524, а бројот на активни случаи изнесува 673.