Голем пожар избувна во центарот на Скопје спроти зградата на УЈП, во близина на Билната аптека

На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и видеа, од кои може да се видат големи пламени јазици како се издигаат зад дуќаните за чевли во близина на Билна аптека, спроти УЈП.
Од бројот 112 за итни случаи за МИА информираа дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.
Екипа на „360 степени“ е на терен и наскоро очекуваме повеќе информации.



