Поранешниот министер за финансии нагласува дека овие мерки позитивно ќе влијаат и на домашното штедење, а ја истакна и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити
Во однос на натамошната динамика на инфлацијата, Поповски очекува од март следната година таа да почне да се намалува, односно да стагнира
Универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски вели дека во услови на висока инфлација нашата централна банка, како и другите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период инфлацијата да се стабилизира.

Поповски во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ) нагласува дека овие мерки позитивно ќе влијаат и на домашното штедење, а ја истакна и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити.
„Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до 3 отсто. Таа сè уште не е висока“,
вели професорот Поповски.

Во однос на натамошната динамика на инфлацијата, Поповски очекува од март следната година таа да почне да се намалува, односно да стагнира.
„Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на отсто месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната (во Украина н.з.) и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира,“
смета поранешниот министер за финансии.