Се уште е рано да се зборува за какви било проценки на штетите, но секако се работи за суми од повеќе милиони долари. Штетата е многу сериозна, вели градоначалникот на Чазма, Динко Пирак
Невреме пропратено со силен ветер и дожд попладнево ја погоди областа Чазма во Хрватска, каде што беа оштетени покривите на многу куќи и згради, а штета има и на многу возила.
Засега нема информации дали има повредени.
„Се уште е рано да се зборува за какви било проценки на штетите, но секако се работи за суми од повеќе милиони долари. Штетата е многу сериозна. Голем број станбени згради останаа целосно без покриви, така што не само без ќерамиди, туку и без целата дограма. Во целиот град нема куќа што не е оштетена“,
нагласи градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, додавајќи дека освен куќи, оштетени се и бројни деловни објекти, пренесува Мојпортал.






Тој додава дека е паднат 35-киловатен далноводот, а екипи се на терен.
„Очекуваме дека во некои делови струјата може да дојде уште денеска, а се надевам дека најголемиот дел ќе дојде утре. Поради сето ова ние сме во опасност да снема и вода“,
истакна Пирак.
Силниот ветер, како што пренесуваат хрватските медиуми, носел покриви од куќи, корнел дрвја, има превртени камиони, а според првичните информации, причинета е голема материјална штета и на деловни објекти, возила и на основното училиште во Чазма.