Прво, УЕФА се согласи да го одложи натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Ренџерс и Наполи (што не е вообичаена практика) за 24 часа. Втората отстапка на која се согласи УЕФА е, за време на натпреварот, да не се свири химната на Лигата на шампионите, да нема поставување платно во центарот на теренот, да нема реквизити, маскоти, пораки за мир, па дури забранети се и спонзори
Смртта на кралицата Елизабета Втора ќе влијае и на начинот на организација на натпреварите од Лигата на шампиони кои ќе се одржуваат на територијата на Обединетото Кралство. Тоа ќе се случи на вечерашниот натпревар меѓу Ренџерс и Наполи кој се игра во Глазгов, за кој се вели дека ќе биде со најмногу преседани во историјата на сите натпревари што ги организирала УЕФА.
Прво, УЕФА се согласи да го одложи натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Ренџерс и Наполи (што не е вообичаена практика) за 24 часа. Втората отстапка на која се согласи УЕФА е, за време на натпреварот, да не се свири химната на Лигата на шампионите, да нема поставување платно во центарот на теренот, да нема реквизити, маскоти, пораки за мир, па дури забранети се и спонзори.
Ова е направено поради денот на жалост во Обединетото Кралство. Она што ќе има е едноминутен молк, што е вообичаена практика во вакви ситуации.
Но, тимот на Ренџерс не се задоволни од ова, па побараа наместо химната на Лигата на шампиони да се свири химната на Обединетото Кралство.
УЕФА на тоа кажа „не“. Но, сепак, има најави дека и покрај ваквиот став од УЕФА, Ренџерс сепак ќе ја пуштат националната химна, а доколку биде физички забрането да се пушти на разглас, тогаш навивачите ќе ја пеат.