Според написот, во некои од пронајдените материјали се опишуваат тајните операции на САД, со толку детали што дури и високи функционери за национална безбедност не ги знаат, а пристап до податоците имале само претседателот и ограничен број службеници на администрацијата
Документи за нуклеарниот потенцијал на странска земја се пронајдени при претрес на вилата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, пишува весникот „Вашингтон пост“.
„За време на претресот, агентите на ФБИ пронајдоа документи кои ја опишуваат воената одбрана на странска влада, вклучувајќи ги и нејзините нуклеарни капацитети, велат извори запознаени со ситуацијата“,
објави весникот.

Според написот, во некои од пронајдените материјали се опишуваат тајните операции на САД, со толку детали што дури и високи функционери за национална безбедност не ги знаат, а пристап до податоците имале само претседателот и ограничен број службеници на администрацијата.
Во текстот се вели дека за време на претресот на 8 август, агентите пронашле документи за нуклеарната подготвеност на странска земја, но изворите на весникот не прецизираат за која земја станува збор.
Вилата на Трамп во Мар-а-Ларго, Флорида, беше цел на претрес на почетокот на август како дел од случајот за незаконско користење, кражба и уништување на службени материјали.
Службениците за спроведување на законот запленија речиси стотина документи со различен степен на тајност, вклучувајќи го и највисокиот.
Трамп тогаш ги демантираше информациите дека има доверливи документи за нуклеарното оружје на други земји.
„Вашингтон пост“ уште во август објави дека агентите на ФБИ барале документи поврзани со нуклеарно оружје за време на претресот.
На крајот на август американското Министерство за правда објави преработено соопштение за претресот во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида. Од документот, според „Гардијан“, може да се добијат детали за наводните криминални активности.