Рекордот го држи март, кога бројот почна да функционира на цела територија и кога се примени вкупно 55 767 повици или во просек по 1 799 повици дневно
Од почетокот на пуштање во употреба на единствениот број за итни случаи во земјава дневно се примаат по нешто повеќе од 1 400 повици.
Според статистиката што денеска ја објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава, на телефонскиот број 112 се примени вкупно 287 842 повици или во просек 1 425 повици дневно.
Во февруари, кога се примаа само повици само од територијата на Скопје, примени се 11 321 повици или во просек околу 629 повици дневно.
Од 1 март кога започна приемот на повици на 112 од цела територија на Македонија, примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно.
Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно, додека во 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно.
Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно, во јули 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно и во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно.

Со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок се добиваат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.
Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.
Итниот број 112 е предвиден како додаток на постојните броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните. Телефонските броеви 192, 193 или 194 ќе продолжат да функционираат најмалку уште една година.
