Парламетот во Словенија синоќа ја изгласа новата влада која ќе ја предводи Јанез Јанша.
Од 90-члениот парламент, Владата доби поддршка од 52 пратеника, а против гласаа 31.
Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на коронавирус.
Јанша по трет пат ќе ја извршува функцијата премиер, а мандатот овој пат ќе му трае само две и пол години, за кога се закажани редовните парламентарни избори. Скратениот мандат е поради тоа што досега имаше неколу неуспешни обиди за формирање влада.
Јанша претходно ја предводеше словенечката влада во мандат од 2004 до 2008 година и потоа од 2012 до 2013 година.