Познатата проблематична точка повторно е поплавена
Невремето што попладнево го зафати Скопје и се уште трае предизвика проблеми по скопските улици.

Една од познатите проблематични точки е и преминот под Стоковната куќа „Мост“, која и овој пат е поплавена што изгелда како езеро. Поради големата количина вода сообраќајот е во прекин, а внатре има заглавено и едно комбе.