Освен во Скопје, поизразена нестабилност има околу Штип, Велес, Демир Хисар и Свети Николе
Силно невреме проследено со грмотевици, град и ветер попладнево зафати делови од Скопје.
Од УХМР велат дека изразено нестабилна облачна маса се спушта од север кон Скопската Котлина и се очекува на повеќе места во градот и околината да има интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град,
Видеата се направени во околината на Бит-пазар и под скопското Кале.
