Од Град Скопје го осудија, како што велат, неовластеното влегување на камионот на плоштадот и најавуваат дека ќе изречат најстроги казни
Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.
Од она што може да се види, камионот пропаднал со едно од предните тркала и оштетен е дел од плочникот. На терен е и возило на „Градски паркинг“ – „пајак“ кој треба да помогне во излегувањето на камионот.
Од Град Скопје велат дека станува збор за фирма која неовластено со камионот влегла на плоштадот и го оштетила плочникот.
„Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување инспекциски надзор, како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета“,
велат од Град Скопје.
Ваквото однесување од страна на поединци, додаваат од Градот, е недозволиво и ќе се спроведат најстроги санкции.