Ова соопштение на операторот Енергоатом преку каналот Телеграм доаѓа откако претходно обвинија дека руските сили го гранатирале комплексот. Од друга страна, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека трипати гранатирале околу нуклеарната централа во Запорожје
Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во нуклеарната централа Запорожје, предупреди украинскиот оператор Енергоатом, откако претходно соопшти дека комплексот бил гранатиран од страна на руските сили.
Според компанијата, оштетена е инфраструктурата и постои висок ризик од пожар.
„Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи“,
објави компанијата на Телеграм.
Ова соопштение на операторот Енергоатом преку каналот Телеграм доаѓа откако претходно обвинија дека руските сили го гранатирале комплексот. Од друга страна, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека трипати гранатирале околу нуклеарната централа во Запорожје.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина и од март годинава е под контрола на руските сули.
Енергоатом: Русите повторно го гранатираа Запорожје (360stepeni.mk)