Ивица Дачиќ, Синиша Мали, како и Милош Вучевиќ добиваат важни функции во новата влада на Ана Брнабиќ. Вучиќ вели дека сѐ е договорено и нема кавги меѓу коалициските партнери
Ана Брнабиќ е предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ за мандатар за состав на новата Влада. Оваа одлука денеска ја соопшти Вучиќ посочувајќи дека нејзиниот мандат нема да трае кратко.

„Ана нема да биде четири години претседател на Владата, тој мандат нема да трае пократко. Ќе има промена во владата во 2024 година, но многу е важно таа да остане премиер за да можеме да продолжиме да работиме на решавање на проблемите за есента и зимата оваа година. Многу е важно тоа да го работи некој кој е искусен и во кого имам голема доверба. Милош Вучевиќ ќе биде многу важен фактор во новата влада, тој сепак ќе биде вицепремиер. Што се однесува до Ивица Дачиќ, морам да кажам дека тој ќе има значајна улога и функција во државниот апарат“,
рече Вучиќ.
Дачиќ освен вицепремерска позиција, ќе има и функција координатор на службите за безбедност. Доскорешниот министер за финансии Синиша Мали сега ќе ја добие функцијата потпретседател на српската влада.
Вучиќ вели дека сѐ што навел е дел од договорот и оти нема кавга меѓу коалициските партнери.
„Ние за ова време станавме пријатели, Милош, Ана и Синиша и јас“,
рече Вучиќ.
Изборите во Србија се одржаа на 3 април, но конечните резултати беа добиени на 3 јули поради неколкукратно повторување на гласањето во една општина. Српскиот Парламент беше конституиран на 1 август и оттогаш тече рокот од 90 дена за избор на новата Влада.