Повлекувањето на производот, како што посочија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски биосок од јаболко од брендот „Хип“ и апелира до сите потрошувачи кои го имаат купено овој производ да не го употребуваат, односно да го вратат на местото од каде што е купен.

„Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ органски биосок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година. Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело“,
стои во соопштението од АХВ.
Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување, односно отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот.