Податоците објавени на вебстраницата на ДИК кои постојано се менуваат, во овој момент покажуваат дека Куртовски има освоено 1 924 гласа, додека Џафери 661 глас
Според досега преброените гласови од изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше Медат Куртовски од СДСМ води пред Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ.
Податоците објавени на вебстраницата на ДИК кои постојано се менуваат, во овој момент покажуваат дека Куртовски има освоено 1 924 гласа, додека Џафери 661 глас.

Во изборачкиот список се запишани 9 948 гласачи, а според податоците од ДИК за излезноста до 18.30 часот гласале 51,17 отсто од гласачите со што е исполнет цензусот.
Ова е трет обид Маврово и Ростуше да добие нов градоначаник откако на ланските редовни и на повторените избори во април годинава немаше доволна излезност.
