Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа денеска по трет пат се одржуваат локални избори, откако претходно во два наврати не беа исполнети условите бидејќи го немаше потребниот цензус за да тие да бидат прогласени како успешни, но според бројките од излезноста кои се значително повисоки од претходните изборни циклуси, се поверојатно е дека двете општини по речиси една година може да добијат градоначалници
Во општината Центар Жупа до 13 часот гласале 25 отсто од избирачите, што претставува зголемување за дури 6,83 процентни поени во истиот временски период споредено со повторените избори на 17 април кога изнесуваше 18,17 отсто.
Во општината Маврово и Ростуше, пак, до 13 часот излегле 24,21 отсто од избирачите што е зголемување за речиси 10 процентни поени споредено со локалните избори во октомври минатата година, кога во општината до 13 часот својот глас го дадоа 14,59 отсто од избирачите.
Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа денеска по трет пат се одржуваат локални избори, откако претходно во два наврати не беа исполнети условите бидејќи го немаше потребниот цензус за да тие да бидат прогласени како успешни, но според бројките од излезноста кои се значително повисоки од претходните изборни циклуси, се поверојатно е дека двете општини по речиси една година може да добијат градоначалници.
Во истовреме, во општина Тетово, денеска се гласа на вонредни избори за членови на Совет, а излезноста до 13 часот е 13,77 отсто, или 11 573 лица со право на глас. Споредено со излезноста на локалните избори во октомври лани до 13 часот, се забележува мал пад на процентот, односно тогаш истиот изнесувал 15,36 отсто.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, по посетата на неколку гласачки места, изјави дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, а лоцирани биле мали технички пропусти во Тетово кои се решаваат во од.
