Државјаните на Северна Македонија, кои живеат или престојуваат во државите со висок и среден ризик од коронавирус, да го одложат доаѓањето во земјава во овој период, апелираат од Министерството за надворешни работи (МНР).
„Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со ковид-19 во и надвор од земјата преку дипломатско-конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата“,
велат од Министерството апелирајќи да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.
Листа на земји со висок и среден ризик:

Поради состојбата со коронавирусот во земјава, Владата на вчерашната седница воведе забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик, кои се на листата на Светска здравствена организација.