Претставените резултати од работата на Комисијата, како што нагласуваат од МНР, го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што, како што додаваат, претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит – принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји
Во соопштението, Министерството за надворешни работи посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од МНР, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.
Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение информира дека во целост ја поддржува работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.
Од Министерството истакнуваат дека презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател биле констатирани неколку принципи кои, како што наведуваат од МНР, се важни и од политички аспект.
„Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата“,
велат од Министерството.
Понатаму, наведуваат од МНР, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што, како што додаваат, претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит – принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји.
„Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји“,
наведува Министерството.
Во соопштението, Министерството за надворешни работи посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од МНР, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.
Затоа, од МНР упатија охрабрување за Комисијата и натаму да продолжи со својата работа, ослободена од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза.
Претходно вчера, Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија на официјалните интернет-страници ги објавија досега усогласените препораки во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Обелоденувањето на препораките доаѓа по потпишувањето на Протоколот на 17 јули 2022 година, во кој се предвидува дека во рок од еден месец двете држави треба да ги објават веќе усвоените препораки од досегашната работа на историско-образовната комисија.
Станува збор за две групи препораки – за заедничко одбележување и за корекции во дел од учебниците. Усогласените препораки за заедничко чествување се однесуваат на св. Кирил и Методиј, св. Наум Охридски, св. Климент Охридски и цар Самуил. Истовремено, Комисијата усогласила и по пет препораки за учебниците по историја за 5. клас во Бугарија и за 6. одделение во Северна Македонија кои се однесуваат на периодот на антиката.
По објавување на препораките, копретседавачот од македонска страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, објасни дека препораките за учебниците се однесуваат за оние места каде што македонската страна сметала дека треба да има подобрување во бугарските учебници и обратно. Дополнително, кажа дека во историската комисија нема да се носат решенија по секоја цена.
Во меѓувреме, бугарското Министерството за надворешни работи ја охрабри мешовитата Комисија за историски и образовни прашања да продолжи поинтензивно со своите напори со цел завршување на нејзините работи за сите периоди од заедничката историја согласно со член 8 став 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка.