Вчера и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи објави видеа од невремето и поплавените улици ширум градот
Од вчерашната настаната ситуација со поројни врнежите од дожд во Кавадарци полавени се околу 10-тина подруми од куќи, за испумпување на водата од поплавените подруми на терен биле 6 пожарникари со 4 ПП возила и 3 пумпи, и екипи со 2 пумпи од ЈП Комуналец Кавадарци, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во врска со синоќашното невреме во Кавадарци.
Оттаму се додава и дека е санирана исто така и оштетената ул.7-ми Септември, на која се работело со 3 екипи. Активностите на екипите се завршени во 01.30 часот по полноќ.
Вчера и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи објави видеа од невремето и поплавените улици, а потоа извести и дека граѓаните можат веднаш да се јават во општината да пријават проблем, објавувајќи и фотографии од санирањето на штетите.