Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци, сè уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Поради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку ЦУК, воздушна поддршка. Истата е обезбедена со еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи и дополнително со авионот ‘ер трактор’ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР)“
велат од ЦУК.
Од ЦУК велат дека ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка ќе биде побарана помош од Армијата.
Активен пожар има и кај охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид