Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се нови 504 случаи на ковид-19 од вкупно направени 1 385 тестови.
Од новите 504 случаи, 133 се реинфекции. Оздравеле 321 пациенти. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), кои починале во домашни услови на 16.06.2022 и 30.06.2022г.
Од вкупниот број новозаразени, 264 се во Скопје, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2 096 095 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318 138, бројот на оздравени пациенти е 306 309, на починати е 9 339, а бројот на активни случаи изнесува 2 490.