Еврокомесарот за проширување вели дека е сигурен дека оваа дебата ќе биде решавачка и ќе даде јасна одлука која ќе потврди дека Северна Македонија е подготвена да продолжи напред. Албанскиот премиер Рама порача дека доколку нема позитивен епилог во процесот во земјава, тој веднаш ќе побара одвојување на Албанија од Северна Макаедонија
Еврокоемсарот за проширување, кој е во посета во Албанија, очекува Собранието на Северна Макеодија да даде позитивен одговор на францускиот предлог. Според Оливер Вархеји демократски е за вакви прашања да се прашаат и претставниците на граѓаните.
„Се разбира, сега нашите очи и уши се насочени кон Скопје. Мислам дека е вистинската работа сега да има демократска дебата. Видовте дека нашата претседателката Урсула фон дер Лајен го даде нашиот придонес директно во Собранието на Северна Македонија и сигурен сум дека оваа дебата ќе биде решавачка и ќе ни даде јасна одлука, јасна одлука која ќе потврди дека Северна Македонија е подготвена да продолжи напред со тоа што на маса е ставено од француското претседателство. И од Владата и од Претседателот заложбата е јасна, но за вакви работи демократски е и правилно е да се прашаат претставниците на граѓаните и полн сум со надеж дека ќе имаме јасен и позитивен одговор на крајот на оваа дебата. Ќе оставам оваа дебата да се елаборира и да се заврши како што треба, да се заврши во секој парламент на секоја земја“,
рече Вархеји.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, уште еднаш повтори дека доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе бара одвојување од Македонија за преговарачкиот процес со ЕУ.
„Доколку резултатот не биде позитивен, следниот ден веднаш ќе побараме одвојување на албанското досие од бугарско-македонското досие и убедени сме дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година без дискусија. Да го почекаме крајот на оваа маратонска расправа што се очекува да се одржи во Собранието на Северна Македонија и потоа да го погледнеме следниот чекор што ќе го направиме“,
рече Рама.
Рама се надева дека парламентот на Северна Македонија ќе го отвори патот за францускиот предлог и со тоа и двете земји ќе влезат во преговори за членство во ЕУ.