Државјанин на Северна Македонија е спасен, а по две лица се трага во местото Посиди на првиот крак на Халкидики.
Според грчката телевизија „Скај“ и останатите двајца се македонски државјани. Тројцата влегле во морето, но најверојатно, поради лошото време биле повлечени од струите и брановите.
Од Крајбрежната служба на Грција, како што пренесува МИА, потврдуваат дека спасениот е од Северна Македонија. Станува збор за 25-годишно момче кое е во добра здравствена состојба. Од вчера големо невреме ја зафати Грција – обилни дождови проследени со силен ветер беснеат низ целата земја.