Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде што велат дека несреќата се случила на локација каде што се гради зграда.
На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.