Едниот пожар е во централна Грција во близина на градот Итеа каде што беше побарано од жителите да се евакуираат, а вториот пожар е во близина на Краниди на Пелопонез од каде што синоќа беа евакуирани туристите сместени во голем и луксузен хотел
Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и сè уште се активни, а превентивно беа евакуирани неколку села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина.

Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите се гасат и од воздух со авиони и хеликоптери.
Едниот пожар е во централна Грција во близина на градот Итеа, а преку бројот за итни случаи 112 синоќа беше побарано од жителите што се наоѓаат во северниот дел на градот да се евакуираат.
Во вториот пожар во близина на Краниди на Пелопонез, таму утрово е подобрена ситуацијата, иако пожарот сè уште не е локализиран, а синоќа беа евакуирани туристите сместени во голем и луксузен хотел.